За здружението

Хомеопатско здружение ХАМА

logo-site

Вид на организација: 10.9 – Здружение на граѓани
Целосно име: Здружение за развој и афирмација на класична и клиничка Хомеопатија ХАМА.
Скратено име: Хомеопатско здружение ХАМА
Седиштето на ХАМА е во Велес, адреса: ул.„Ленинова“ 19/15 1400 Велес, Република Македонија.

veles

Хомеопатскo здружение ХАМА е стручна и граѓанска асоцијација на медицински професионалци и граѓани љубители и поддржувачи на Хомеопатијата. Здружението е основано во јуни 2009 година во Велес, Република Македонија од група на граѓани ентузијасти со цел развој и афирмација хомеопатскиот пристап кон човечкото здравје како и ширење на хомеопатијата на нашите простори преку афирмација и едукација на нови хомеопатски кадри пред се од редот на медицинските професионалци, со што хомеопатскиот треман добива на квалитет, сигурност и безбедност. Здружението е со седиште во Велес, Република Македонија и има претензии да ги здружи сите медицински професионалци со хомеопатско образование во Републиката заради представување на хомеопатијата кај нас и артикулација на нивните професионални интереси пред јавноста, а особено пред здравствените власти на Републиката, со што Хомеопатијата ќе го добие заслуженото место во борбата за зачувување на здравјето на човекот. Здружението се залага и за воспоставување на хомеопатски стандарди за хомеопатска едукација и пракса, како и стварање и водење на Регистар на хомеопати на Република Македонија.

Со цел на зголемување на бројноста и квалитетот на хомеопатски кадри, во рамките на своите цели и задачи, Хомеопатско здружение ХАМА организира посебно приготвени курсеви по класична хомеопатија наменети пред се за основна хомеопатска едукција на медицински професионалци со претходна формална медицинска наобразба (доктори по медицина и стоматологија, магистри по фармација, доктори по ветерина,) но и останати здравствени работници со вишо и високо образование, како би истите можеле да навлезат во основните постулати и закони на хомеопатската вештина и терапија, и преку започнување со хомеопатска практика да навлезат во чудесниот свет на хомеопатијата и натаму да ги дополнуваат и усовршуваат своите знаења на оваа вештина и уметност. Хомеопатско здружение ХАМА е невладина организација, регистрирана во Централниот регистар на Република Македонија. Таа е правно лице со свое Собрание, Управен одбор и Претседател. Заснована а на доброволност на членување, доверливост, тајност на личните податоци на своите членови, слобода на вероисповеста и останатите трајни цивилизациски вредности на западното демократско општество. Нејзините статутарни одредби се засновани на демократски принципи. Нејзината организација, органи и процедури, како и целите и задачите што ги има зацртано се во полн склад со Законот за здруженија на граѓани и фондации и со останатите позитивни законски прописи на Република Македонија. Мисијата на Хомеопатско здружение ХАМА е длабоко хуманистичка и насочена кон олеснување и отстранување на човековото страдање. Нејзините цели се стварање на квалитатативно нови вредности на нашето Општество и насочени кон приближување на Република Македонија кон цивилизациските вредности и законите на земјите на Европската Унија, каде хомеопатијата легално се применува во голема мера повеќе од 200 години. Хомеопатско здружение ХАМА ги повикува сите заинтересирани граѓани на Републиката и надвор од неа, а особено медицинските професионалци кои веќе имаат или пак сакаат да дојдат до хомеопатска наобразба да се приклучат на оваа хумана организација и да го дадат својот придонес, во наредниот период Хомеопатијата да стане вредна и секојдневна алатка во рацете на хуманите и пожртвувани медицински практичари со цел победа во тешката борба против болеста.

Цели и задачи на здружението се:

  1. Афирмирање и унапредување на хомеопатијата кај граѓаните на Република Македонија како посебен холистички и филозофски пристап кон човекот и неговото здравје, разбирајки го здравјето на човекот како единствена неделива целина, а особено кај медицинските професионалци (докторите по медицина, стоматологија и сродните професии), а заради дополнителна наобразба и комплементарно применување на хомеопатијата во секојдневната пракса, со цел за благосостојба на граѓаните корисници на нивните услуги, како и смалување на трошоците за лекување и непотребна употреба на скапи и токсични конвенционални лекови во борбата за зачувување на човековото здравје.
  2. Едукација на хомеопатски кадри во Р.М. особено од редот на медицинските професионалци и проширување и развој на хомеопатијата соодветно на нивото на земјите на Европската Унија.
  3. Воспоставување и водење на регистар на стручни и школувани лекари – хомеопати, хомеопати, како и регистар на хомеопати – супервизори.
  4. Воспоставување на стандарди за хомеопатска едукација и пракса.
  5. Заштита и уредување на професионалниот статус и правата на едуцираните хомеопати и лекари – хомеопати.
  6. Учество во законското регулирање на хомеопатијата во Р.М. и статусот на хомеопатите и лекарите – хомеопати во Р.М.