XAMA

Здружение за развој и афирмација на класична и клиничка хомеопатија

Вакцинација и хомеопатија, како да се заштитите од несаканите ефекти на вакцината врз вашето дете

vakcinaВакцина  е биолошки агенс кој со посебна претходна припрема претставува носител на антиген специфичните својства на заболувањето против кого е усмерен, со цел специфично да го стимулира телесниот имунитет против определеното заболување заради стварање на отпорност кон него. Постапката на внесување на вакцината во телото се вика вакцинација.

Според оригиналната идеја на конвенционалната медицина, внесувањето на антиген специфични партикли или живи атенуирани микроорганизможи во телото на човекот треба да створи времен и подолготраен имунитет, односно отпорност на организмот со цел истиот да не заболи од дотичното инфективно заболување. Постојат повеќе видови на вакцини. Едни претставуваат живи атенуирани предизвикувачи на заболувањето против кое се усмерени, други се хемиски или физички умртвени предизвикувачи, трети се партикли од причинителот носители на специфична антигенска структура на истиот, во последно време со био и генетски инженеринг синтетски се произведуваат антиген слични вакцини со предизвикувачите на соодветното заболување.

 

Историјат на вакцините.


Историјатот на вакцинацијата досега до кинеската цивилизација пред неколку илјади години, од кога постојат пишани записи за први обиди за вакцинација против големи сипаници со помош на внесување на мали колчини на пустулозен гној од лезија на големите сипаници на кожата. Вакви слични постапки се забележани и кај различни домородни племиња во Африка, Јужна Америка и на други места, каде ритуално се внесуваат мали дози на претходно припремен прав од глави на отровни змии, при што се постигнува отпорност на индивидуата кон каснување од таквиот вид на змии. Сепак, современата историја на медицината во поглед на вакцинацијата започнува од 18 тиот век со пронаоѓањето на вакцината против мали сипаници (1798 год) а непосредно после тоа и против беснило (1885год.) по што се редат откритијата на вакцините против колера и тифус (1917), дифтерија (1923), пертузис (1926) и туберкулоза (БЦГ) 1927 година.

Големи сипаници

Во тек на шеесеттите години на дваесеттиот век медицината направи дополнителен исчекор во овој правец со пронаоѓањето на вакцините против полиомиелит (инактивираната форма на вакцина), токсоидите на дифтерија и тетанус и вакцините против заушки и рубеола. Во текот на седумдесетите години од дваесеттиот век, следат вакцините против антракс, грип и свински грип, а во тек на следниот дваесетгодишен период до крајот на 2000 година се официјализирани и вакцините против хепатитис Б, пнеумококната вакцина, хемофилус вакцината, хепатитис А вакцината, како и неклку помаку важни вакцини против поедини тропски и поретки заболувања. Дваесет и првиот век означи натамошен развој на живи атенуирани вакцини против современите здравствени проблеми на човештовото како што се воведувањето на вакцините против ХПВ вирусот, менингитисот ротари вирусите и други.