Продлабочена соработката на Хама со Симилимум

Во рамките на постоечките контакти е продлабочена соработката на Хомеопатско здружение ХАМА Велес Република Макдонија со Хомеопатски центар Симилимум од Белград Република Србија. Соработката опфаќа организирање на Хомеопатска школа по класична хомеопатија во Велес, Република Македонија, како и пристап до хомеопатска литература преведена на српски јазик.

Литературата ќе биде на располагање бесплатно на сите членови на Хомеопатско здружение ХАМА.

Покрај ова со љубезност на менаџерот за настава на Хомеопатската школа на Симилимум господин Д-р Владимир Холодков дипломиран хомеопат, на љубителите на хомеопатијата во Македонија на овој сајт е дозволено поставување на електронските изданија на стручниот часопис Simillimum times vo издание на Х.Ц.Симилимум што на најшироката македонска публика ќе им овозможи вредни информативни и стручни содржини од областа на Хомеопатијата. За ваквиот гест искрено се заблагодаруваме на управата на Хомеопатски центар Симилимум од Белград. Изданијата на часописот можете бесплатно да ги превземете преку наредните два линка подолу.

Напишете коментар