Поздрав од претседателот на Хама

Почитувани пријатели на хомеопатијата, граѓани и драги колеги.

Хомеопатијата незапирливо навлегува на нашите простори. Македонското поднебје одамна ја развива и негува класичната западна медицина. Веќе неколку генерации на наши школувани лекари го лекуваат нашиот народ од секаквите заболувања на денешнината.

Последниве години, од срцето на западната цивилизација кај нас навлегува една алтернативна, подобро речено комплементарна медицина што за последица ќе има збогатување на националната научна и практична мисла со еден квалитативно нов начин на лекување на заболувањата. На нас и на нашата генерација е да ја совладаме оваа вештина и уметност во што поголем број и во исто време да стекнеме лични знаења и искуства во примената на Хомеопатијата во секојдневната пракса.

Хомеопатски лекови

Денешната современа медицина се среќава со тешки проблеми на преголеми и прескапи трошоци на лекување на обичните банални заболувања, појавата на резистенција на лекови, алергии и други практични проблеми. Прекумерната употреба на разни токсични лекови како што се антибиотиците, седативите и транквилизаторите, доведе до појава на нови и нерешливи проблеми на класичната медицина, како што се појавата на зависностите, резистенцијата на лекови, алергиите и други несакани последици на препишаната терапија. Ваквата некритична употреба на овие тераписки агенси прави барем толку штета колку што е и помошта од нив. Нашите лекари се секојдневно исправени пред практични проблеми што со класични средства не можат да ги решат, а пациентите лутаат од врата до врата во потрага по помош за нивните страдања. Мислам дека заради сите овие причини, за општо добро на нашите граѓани е потребно да се усвои и применува и комплементарен тераписки пристап особено во оние случаи каде што хомеопатската терапија нуди брза, ефикасна, ефтина и нетоксична терапија.

Хомеопатски Лекови

Почитувани колеги. Хомеопатското лекување се применува на стотици милиони пациенти ширум светот. Во земјите на Европската унија особено е раширена во Франција, Велика Британија, Германија, Белгија, Италија и во други земји. Некои нации како што е Индија, хомеопатијата ја третираат како комплетно равноправна медицина со останатите јавно прзинати медицини. Во Индија работат повеќе од 100 колеџи за образување на Хомеопатски кадар, а во земјата хомаопатска пракса обавуваат повеќе од 100.000 лекари хомеопати. Хомеопатски наставни институции постојат и во Канда, Велика Британија, и САД, каде што оваа комплементарна медицина освојува се повеќе приврзаници. Земјите на нашето непосредно окружување како што се Бугарија, Србија, Хрватска и други веќе ја прифатија Хомеопатијата и ја внесоа во нивните законодавства, со што таа стана законски регулирана категорија и начин на практикување во секојдневниот живот. Во нашата Република хомеопатијата незапирливо ги прави првите чекори, се обидува да застане на свои нозе, и да си го пронајде местото што и припаѓа. Ние што ја познаваме оваа вештина и уметност се чувствуваме обврзани да дадеме свој придонес, оваа вредна комплементарна медицина да си го најде своето место на начин каков што постои во западниот цивилизиран свет.Хомеопатски Лекови

Затоа ги повикувам сите медицински професионалци кои имаат хомеопатска едукација но и сите оние кои што сакаат да се стекнат со неа, да ни се придружат во Здружението за развој и афирмација на класична и клиничка Хомеопатија ХАМА и да го дадат својот придонес во остварувањето на нашата цел а тоа е Хомеопатијата во Република Македонија, да го добие местото што го заслужува.

Почитувани колеги лекари, почитувани граѓани. Хомеопатијата не е никаква мистична категорија. Тоа е холистички комплементарен пристап кон пациентот, еден добар, класичен занает и вештина што се учи и надополнува со секој изминат ден на пракса.Таа е втемелена на јасни природни закони, има строго дефинирани постулати, јасно одредена методологија на прескрипција и научно заснована процедура на изработка на лекови. Хомеопатските принципи, закони и знаења што се створени и пред 200 години се сеуште еднакво валидни и важечки. Придобивките на хомеопатското лекување ги користат неспорно значајни и заслужни луѓе како што се видни политичари, кралски семејства, светски познати актери но и милиони обични луѓе ширум светот. Хомеопатијата е цивилизациско достигнување што го издржало тестот на времето. Наша обврска е оваа придобивка да ја направиме достапна на нашите пациенти и со тоа да придонесеме кон подигнување на нивото на нивното здравје. Накрај во контекст на неспорните Евроинтегративни напори што ги прави нашата земја, најдобро ќе придонесеме кон овој процес на начин што во доменот на својата професија ќе ја приближиме Републиката макар еден мал милиметар кон вредностите на Европската Унија. Почитувани, Европска Македонија се ствара овде во Македонија и неа ја ствараме само ние и никој друг. Таа е наша обврска и иднина на нашите деца. Да ја направиме веднаш и сега.

Со почит,
Претседател на Хомеопатско здружение ХАМА,

Д-р Мире Петковски

Напишете коментар