Aconitum Napelus (Аконитум Напелус)

Основен лек за прва помош во Хомеопатијата. Би требало секој да го поседува во домашната аптека. Тоа е затоа што ситуациите каде тој може да спаси живот се случуваат било каде и драгоценото време до доаѓањето на лекарот може да го обезбедат неколку капки потенција на овој лек директно на јазикот.

Делува на неурохуморалната фаза на развој на акутната болеста. Без разлика на останатите симптоми за негова употреба е неопходно да постои вознемиреност и страв па се до смртен страв.

aconite
Aconite 200c

Во такви ситуации може да ја проекине акутната настинка на пример или да спаси и живот во случај на тешко акутно заболување (инфаркт на миокардот, мезентеријална тромбоза пулмонална емболија.) Механизмот на дејство представува прекинување на неурогената фаза на шоковата состојба. Со тоа лекарот добива време да ја настави интервенцијата и да помогне на пациентот.

 

Состојби на страв, анксиозност, духовна и телесна болка. Физичка и ментална загриженост, страв, се најкарактеристичните манифестации на Аконитум. Акутни ненадејни и насилни напади пратени со треска, се индикација. Пациентот не дозволува да го допрат. Нагол гобиток на силата.Тешкотии и напнатост предизвикани со излагање на суво, студено време, ладен воздух, нагло потење, исто така тешкотии од многу топло време, особено гастроинтестинални пореметувања и тн. Прв лек за воспаленија и воспалителни трески. Значителни оштетувања на серозни мембрани и мускулно ткиво. Печење во внатрешни делови на телото. Зуење во ушите, (тинитус), чувство на студ и укоченост. Грип. Емоционалните и ментални тензии објаснуваат многу симптоми. Кога се препишува аконитум, запомнете дека тој лекува само функционални растројства. Нема докази дека може да предизвика ткивни оштетувања. Неговата акција е кратка. Неговото подрачје на делување е на почетокот на акутната болест и не треба да се продолжи со давање откако ќе започнат патолошките промени. При хиперемијата и конгестија, не се дава откако ке започне ексудативната фаза на заболувањето. Не е индициран кај маларија и субфебрилност или кај специфични и гнојни состојби, како и кај воспаленија кои сами се локализираат. Сулфур често ја следи терапијата со аконитум.

Спореди Chamomilla, Coffea во состојби пратени со интензивна болка и несоница. Дози: 6C за сензорни афекции, 1C до 3C за конгестивни состојби. Може да се повторува често во акутна болест. Аконитумот е брзоделувачки агенс.При невралгии 30C повторувачки во зависност од чувствителноста на пациентот и реакцијата на лекот. При животнозагрозувачки состојби 200C и поголеми во повторувачки дози на секои неколку минути се до постигнување на ефектот.

Напишете коментар