Вакцинација и хомеопатија, како да се заштитите од несаканите ефекти на вакцината врз вашето дете

Хомеопатски терапевтски протокол по методата на Др Тинус Смит

Се користи потенцирана вакцина. Лекот се користи во 4 различни потенции. 30Ц 200Ц 1М и 10М во тек на  4 последователни денови. Првиот ден се дава 30Ц, вториот 200Ц, третиот 1М и четвртиот ден 10М. При секоја администрација се даваат околу 10 гранули кои директно се даваат во уста, после што не се дава никаква течност и храна најмалку половина час после но и пред апликацијата на лекот. Во колку симптомите се влошат по било која од применетите потенции на лекот, секогаш треба да се почека се додека не се заврши реакцијата на лекот.Штом симптомите ќе се смират, се повторува истата потеницја која ја дала агравацијата и вака се постапува колку што е потребно се додека се јавува реакција на таа потенција. Обично во пракса ова настапува после 2-3 дози на лекот. Потоа серијата се продолжува и завршува заклучно со 10М потенција. Исто така е можен третман на сериозни реакции со воден раствор на 30Ц потенција. За ваква апликација 10 гранули се раствараат во половина чаша вода, па се дава по едно мало лажиче, или мала голтка повремено на пример на еден час, во тек на 1-2 дена. Најчеста реакција на терапијата е покачена температура, која не бара посебен третман.

Ако е детето посебно чувствително, или се очекува преосетливост, секој апоединечна доза на последователна потенција се дава на поголем врменески размак, на пример еднаш во неделата. Потешките реакции на применетата потенција се третираат на ист начин, со повторување на потенцијата еднаш неделно се додека на дадената доза нема реакција. По спроведениот третман треба да се почека период од 3 недели во тек на кој се очекува санирање на поствакциналниот синдром. Во колку тоа не се случи и пореметувањето не се изгуби во целост, комплетната серија може да се повтори. Обично во пракса се доволни една до три серии.

Во акутните случаеви, третманот е воглавно ист, со таа разлика што овде предност има водениот раствор во потенција 30Ц или 200Ц. кој се спрема како што е погоре опишано. Овој раствор се дава по едно кафено лажиче секој саат во тек на неколку дена. Обично три дози се доволни за надминување на акутниот ПВС.

Напишете коментар