Вакцинација и хомеопатија, како да се заштитите од несаканите ефекти на вакцината врз вашето дете

Хомеопатска метода на Др Тинус Смит во третман на ПВС – општи принципи

Конвенционалните лекови, според сегашното разбирање на хомеопатската јавност се премногу груби, за да применети краткотрајно доведат до енергетско нарушување на длабоките слоеви на организмот. Но тоа не може да се каже за вакцините. Со својот биолошки состав, како и влијанието што го имаат врз имунолошкиот систем на организмот, особено применети во рана возраст кога истиот е во фаза на формирање, (некои вакцини се даваат првиот ден по раѓањето како хепатитис Б и Бе Се Же вакцините) усмерувајки го хуморалниот имунитет кон ненадејно доспеаните имуноактивни принципи во рганизмот, тие продираат во длабоките енергетските слоеви на организмот и вршат определени влијанија на нив. Какви се тие влијанија поточно, можеме само да претпоставуваме, но факт е дека кај некои веројатно почувствителни организми, предизвикуваат полесни а некогаш и катастрофални дисторзии на виталната сила кои понекоаш се дури и инкопатибилни со животот. Овој факт е поткрепен и со сознанието, дека и природните бактериски а особено вирусни агенси длабоко ги засегнуваат енергетските слоеви на организмот и можат да дадат доготрајни далекусежни последици по здравјето многу подоцна откако акутната фаза на болеста веќе поминала. Хомепатскиот метод што го обликува Др Тинус Смит го има за основа постулатот дека хомеопатски потенцираниот агенс е идеален симилимум на истиот агенс што го предизвикал нарушувањето на енергетските слоеви на организмот и согласно  основниот  хомеопатски принцип сличното со слично се лекува, може да ја исправи дистурбацијата на виталната сила предизвикана од вакцината и да го излечи клиничкиот синдром што е предизвикан од неа.

Дијагноза на ПВС

Дијагнозата на акутен или хроничен поствакцинален синдром се поставува врз основа на внимателно одбрани прашања, поврзани со симптомите на заболувањето, со посебен аспект на времето на нивното појавување. Секогаш во колку постои блиска временска поврзаност на појавата на симптоматологијата, ПВС е првата работа на која треба да се помисли пред да биде направено било што друго.Покрај тоа и едноставниот третман што би требало да уследи во ваков случај е првиот тераписки третман што би требало да се направи пред да бидат преземни скапи и обемни испитувања, или тешки конвенционални или хомеопатски третмани врз пациентот. Единствено неуспехот на третманот со потенцирани вакцини кои се осомничени за појавата на заболувањето е сигурна потврда дека не се работи за ПВС, и следствено треба да се преземаат други дијагностички и терапевтски процедури и разгледаат различни диференцијални дијагнози.

Напишете коментар