Вакцинација и хомеопатија, како да се заштитите од несаканите ефекти на вакцината врз вашето дете

Поствакцинални синдроми (ПВС)

Оваа сива зона на конвенционалната медицина е можеби најголемата непознаница, но во исто време и најширокиот терен за истражување на хомеопатската наука и пракса. Во тој поглед, хомеопатската пракса долги години користеше мал број на ремедии заради превенција и третман на поствакциналните реакции а особено за оние хроничните. Туја окциденталис, хомеопатски лек дефиниран уште од Семјуел Ханеман во потенции 30Ц – 200Ц беше стандарден треман за акутни и хронични симптоми кои се појавиле по вакцина или ревакцина на дотогаш здрав дете. Покрај неа, во стандардниот Синтезис реперториум од Фредерик Шроенс како силно индицирани лекови за ПВС ќе ги пронајдеме и Силицеа, Сулфур, Цинкум металикум, Мезереум, Маландриум, Сарсаприла  и нозоди како Вакцинум и Лисинум, но многу истакнати хомеопати ќе се сложат со ставот дека ефектите на овие лекови слабо се покажале во практиката. Секако дека секој лек може да биде индициран кај секој поединечен поствакцинален синдром во зависност од целовитоста на неговата симптоматологија, но сметам дека во овој дел е потребно да се потенцираат ставовите на истакнатиот хомеопатски ум на денешнината Холандскиот лекар и хомеопат Др Тинус Смит, кој за жал пред кратко време го напушти нашиот материјален свет. Можеби и заради неговото прерано длабоко разбирање на она на кое му го посвети целиот живот, на ова место и во негова чест, ќе се обидам да ги пренесам неговите ставови и неговото разбирање на вакцинацијата и поствакциналните синдроми како и начинот за нивна превенција и лекување.

Значи, појавата на клиничка симптоматологија која е поврзана и настанала по вкацинацијата кај дотогаш здрави деца, е главен индикатор за можен поствакцинален синдром. Од помало значење з дијагнозата на ПВС е квалитетот и симптоматологијата по која тој се прикажува на хомеопатот. Во поглед на времето на појавата на поствакциналната болест, се споменува период кој може да варира од неколку минути до неколку седмици после изведената вакцинација.

ПВС може да се класифицира како акутен и хроничен поствакцинален синдром.

Акутниот ПВС најчесто се манифестира со следните симптоми: висока температура, конвулзии,отстаност на умот, енцефалитис, менингитис или заедно во комбинација, отоци на местото на инокулација, болка, јака кашлица слична на магарешката кашлица, акутен бронхитис, срцепарачко врескање и плачење на детето, несвестица, акутен анафилактички шок, пневмонија, синдром на смрт во колевка. (Потребно е да напоменеме дека откако вакцинацијата против голема кашлица (пертузис) во Јапан била одложена на возраст од над 2 години, овој синдром практично го снемало)

Хроничниот ПВС најчесто се појавува со следните симптоми: кивавица, ќилибарна или зелена секреција од носот, воспалени очи, губиток на контакт со очите, страбизам, воспаленија на средно уво, бронхитис, замор и недосток на сила, изразена жед, дијабет, пролив, опстипација, главоболки, нарушен сон со периоди на будност и плачење, епилепсија, вкочанетост на грбот, мускулни грчеви, недостаток на внимение и концентрација, губиток на паметењето, пореметување во растот, недостаток на мускулна координација, нарушен развој, проблеми поврзани со однесувањето како што се нетрпеливост, вознемиреност, раздразливост, емоционална неврамнотеженост, конфузија, губиток на вољата, ментална тромост и т.н.

Секако дека овој список е некомплетен, зошто симптомите на хроничниот ПВС мора да се многу повеќе и секако многу варијабилни и променливи, во зависност од нарушувањето на виталната сила што вакцината го предизвикала кај секој поединечен случај. Затоа, дијагнозата не се потпира толку на симптоматологијата, туку на моментот на нивното појавување. По однос на видот на вакцината, не може да се каже дека некои симптоми би биле каратеристични на пример за Ди-Те-Пер а други за на пример Полио вакцината. Во пракса, секоја дадена вакцина може да предизвика било какво пореметување кое ќе се манифестира со соодветна симптоматологија. Тоа зависи од растројството на виталната сила кое кај таа единка во тој момент е предизвикано. Ако на пример постои слабост на нервниот систем и како резултата нма ПВС се предизвика воспалителен одговор на ниво на мозочните структури, ќе се појават симптоми од страна на моторната, сензорна или автономна дисфункција на Централниот нервен систем, а исто така и нарушувања во емотивното тело или на свеста. Во друг случај, ако е реакцијата појавена на ниво на слузниците на дигестивниот систем, ќе доминираат неговите симптоми, нарушувања на перисталтиката на цревата, стомачната секреција или на пример болки од зголемена или смалена контрактилна функција на глатката мускулатура на дигастивниот тракт. Ако на вакцинацијата одговри респираторниот систем, тогаш ќе имаме симптоми на кашлица, астматски напади или инфламаторни консолидации на белодоробното ткиво како пневмонија или друго.

Кај некои деца, може да се јави само акутен ПВС, кај некои акутниот да прејде во хроничен, но може да се појават и директно хронични симптоми недолго после вакцинирањето, иако непосредниот период од неколку дена по вакцинирањето поминал сосема мирно и без реакција. Затоа е потполна грешка да се отфрли Хроничен ПВС заради фактот дека неколку недели по вакцинирањето детето немало никаква симптоматологија. Праксата покажува дека овој период може да варира од случај до случај и повеќе седмици после вакцинацијата. Единствена негативна потврда на дијагнозата на поствакцинален синдром може да даде отсаствување на позитивен одговор после спроведена хомеопатска терапија со потенцираните вакцини кои се осомничени како предизвикувач на поствакциналната болест.

Напишете коментар