Вакцинација и хомеопатија, како да се заштитите од несаканите ефекти на вакцината врз вашето дете

Користи од вакцинацијата

Во тек на последните неколку децении, првичното одушевување во поглед на заштитната моќ на вакцината да заштити од некоја заразна болест пополека спласнуваше. Повеќекратно беа правени истражувања со кои се редефинираа ставовите околу вистинската протективна моќ на вакцините. Некои до нив после првобитното воведување за масовна употреба со тек на времето беа прогласувани за неделотворни, и следователно укинувани за широка употреба , но ставовите се менуваа и варираа од држава во држава. Некои подемкратски земји, постапката на вакцинација ја прогласија за доброволна и бараа писмена согласност од родителите, пред се заради заштита од можните правни последици во случај на појава на несакани ефекти. Во некои пак земји поедини дотогаш задолжителни вакцинации беа укинувани, како што е случајот со вакцината против туберкулоза во САД. Вредноста и траењето на периодот на заштита при секоја поединечна вакцинација е различен. Тој се смета дека варира од една до неколку години. Сепак последните искуства со вакцините против заушки, морбили и други, како и појавата на масовни епидемии кај популации кои биле во висок процент вакцинирани против истите заболувања, фрла голема сенка врз веродостојноста на податоците кои тврдат дека вакцинацијата воопшто штити од некоја заразна болест. После вакви информации, е реално и разумно секој да си го постави прашањето дали вакцинацијата е само уште една медицинска заблуда во вечниот стремеж на човекот кон здравјето?

Секако, сигурен е фактот дека се додека не се редефинираат и официјално усвојат ставовите околу поствакциналните реакции и синдроми кои ги следат вакцинациите, ќе го немаме потребниот алат кој е неопходен во поглед на спроведувањето и оценувањето на сите можни ризици од вакцинациите и нивната оптимална употреба, како и мерките кои треба да се преземат пред и по вакцинацијата со цел да се отстранат сите негативни последици од истите. Според сегашните ставови на конвенционалната медицина, како поствакцинална реакција се сметаат само раните компликации на вакцината во тек на 72 часа од вакцинирањето. Но што станува со касните последици, за кои се повеќе отворено се водат полемики во научните кругови. Сеуште не постои дефиниција, ниту  методологија за дијагноза, ниту пак препознавање на ваквите состојби. Денес нема многу класични педијатри кои се во состојба и имаат храброст да постават дијагноза на хроничен поставкцинален синдром, иако родителите на вака заболените деца тврдат дека дотогаш здрави деца се разболеле после една или повеќе промени вакцини. Работата е толку искомплицирана што дури и ако некој од педијатрите  поверува во таква дијагноза, ретко ќе се одлучи да застане зад неа, делумно поради тоа што не знае да ја излечи, а делумно и заради тоа што во случај на евентуална правна разврска покрената од онеправданите родители кои биле ставени во законска принуда да го вакцинираат своето дете, би морал на официјален начин да завлезе во прашањето на хроничниот поствакцинален синдром кој е сива зона во класичната медицина и  во тој случај би се отварил простор за исплата на големи материјални оштети за системски и јатрогено нанесената болест и инвалидитет на детето кое настрадало од ПВС. Можеби, после дефинирањето на овие дилеми, и воспоставување на вистинскиот алат за разбирање на поствакциналните хронични состојби, подолгорочните истражувања и во целост ќе ја елиминираат масовната употреба на вакцините врз луѓето.

Напишете коментар