Вакцинација и хомеопатија, како да се заштитите од несаканите ефекти на вакцината врз вашето дете

Вакцини и вакцинација во Република Македонија

Во Република Македонија, како резултат на доследното пратење на светските трендови во поглед на политиката на здравствена заштита, се спроведува редовна вакцинација против повеќе инфективни заболувања уште од самото раѓање. Вакцинацијата е обезбедена со законска подлога и е задолжителна за секое новородено дете на територијата на Државата. Во тој поглед, здравствената каса и буџетот на Република Македонија обезбедуваат и значајни материјални средства  посебно за таа намена. Вакцинацијата се започнува уште првиот ден по раѓањето во самите породилишта и се одвива според календарот за вакцијација што е представен во подоцнежнито текст. Според овој документ, кај секое дете во пропишана старосна возраст се спроведува вакцинација против следните заболувања: туберкулоза, хепатитис Б, дифтерија, тетанус, пертусис, рубеола, морбили, паротитис, детска парализа и хемофилус инфлуенце. Покрај ова последната година се инсистира на законска имплементација на ХПВ вакцината кај млади девојки со цел заштита од карцином на грлото на матката.

Веднаш после раѓање сите новороденчиња во рок од 24 часа примаат вакцина против туберкулоза и вакцина против жолтица, т.е хепатит Б. Ревакцина против жолтица има во вториот и шестиот месец. Со полни два месеци се започнува со вакцинација против хемофилус инфлуенце тип Б, која што за прв пат кај нас е воведена од први септември 2009 година, која се дава со полни два месеци, во третиот и петтиотмесец. На три месеци се дава вакцина против дифтерија, тетанус, магарешка кашлица и детска парализа. И овие вакцини се повторуваат на секои 45 дена. На една година продолжува вакцинацијата  против мали сипаници, заушки и рубеола. На година и половина се прима ревакцина против дифтерија, тетанус, магарешка кашлица, детска парализа и вакцина против хемофилус инфлуенца тип Б. На 4 години децата се ревакцинираат против дифтерија, тетанус и магарешка кашлица, на 7 се ревакцинираат од дифтерија тетанус и се вакцинираат против туберкулоза, се дава и вакцина против морбили, рубеола и паротит, а во 8 одделение се дава ревакцинација против туберкулоза, дифтерија и тетанус, а за девојчињата и ревакцинација против рубеола. На 18 годишна возраст се врши последното ревакцинирање против тетанус.

 

КАЛЕНДАР НА ВАКЦИНАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

Возраст на деца кои подлежат на имунизација Болест против која се врши имунизацијата Вакцинација/Ревакцинација
до 24 часа од раѓање,     2 и 6 месеци Хепатит Б   (3 дози) Вакцинирање
до 1 година Туберкулоза  (без тестирање) Вакцинирање
4,5 и 6 месеци Дифтерија тетанус , голема кашлица   (3 дози) Вакцинирање
4,5 1/2 и 7 месеци Детска парализа (3 дози тритипна орална вакцина) Вакцинирање
13 месеци  Мали сипаници заушки   и  рубеола  вакцинирање (една доза на МРП) Вакцинирање
18 месеци Дифтерија ,   тетанус ,   пертусис (1доза) I.   Ревакцинирање
20 месеци Детска парализа (1 доза ) I.   Ревакцинирање
4 години  Пертусис     (1 доза на дифтерија тетанус пертусис ) II. Ревакцинирање
7 години (I одд)  Мали сипаници , рубеола   и заушки   (1доза на ДРП) I.   Ревакцинирање
Туберкулоза   (со тестирање) I.   Ревакцинирање
Детска парализа (1 доза ) II. Ревакцинирање
Дифтерија , тетанус (1 доза) III. Ревакцинирање
14 години (VIII одд.) Туберкулоза   (со тестирање) II. Ревакцинирање
Рубеола (само женски деца – 1 доза) II. Ревакцинирање
Детска парализа (1 доза) III. Ревакцинирање
Дифтерија , тетанус   (1 доза) IV. Ревакцинирање
18 години * Тетанус   (1 доза) V. Ревакцинирање

 

Во Република Македонија за ефектите на вакцинацијата, широката популација е информирана исклучиво од страна на државниот систем за јавно здравство и здравствените власти на Државата така што оваа пропаганда е усмерена кон информирање исклучиво за таканаречените позитивни аспекти на вакцинацијата, односно за очекуваните позитивни аспекти на ваквото законско вакцинирање на целата популација, што според мене е непримерен остаток на недемократските системи кои во минатото постоеле на овие простори. На широката популација и недостасуваат информации за можните несакани ефекти на вакцинацијата, како и информации од други заинтересираи стручни асоцијации и организации а особено од невладиниот сектор, кои би можеле да придонесат за подобра здравствена просветеност на населението покрај другото и за штетите од ваквата масовна вакцинација. Со ваквиот недостаток на објективна информираност, се скратува и можноста за подигнување на свеста кај населението, што би овозможило промена на законската регулатива која ја регулира областа на вакцинацијата со што таа би се приблила кон онаа на земјите каде вакцинацијата е доброволна одлука на добро информираните родители за судбината на нивното дете. Како последица на поранешниот едноумен политички систем кај голем дел на населението преовладува и уверувањето дека друг, поточно дека државата е таа која се грижи за неговото лично здравје, и како сосем нормална ја смета праксата државата како најмеродавна да ја регулира на законски начин областа на превентивата и вакцинациите како нејзин фундаментален сегмент. Ова особено и бидејќи за граѓанинот тоа е бесплатно. Како резулатат на таквото едноумие, промовирано од здравствените власти на Државата, на јавноста и се пласираат само афирмативни информации но не и вистински објективни информации околу негативните аспекти на имунизацијата. Така, многубројните жртви на несаканите појави на вакцинацијата се осудани на долги талкања низ ходниците на здравствениот систем без да добијат вистинки одоговри и вистинска помош за проблемот кој по вакцинирањето се јавил кај нивното дете, а и да не зборуваме за некаква медицинска или правна сатисфакција околу неправдата која им е нанесена со задолжителната имунизација. Тие би биле изложени на сериозни парични казни доколку не  се јават на закажаната вакцинација.

Всушност овој масовен експеримент кој на целокупната хумана популација се спроведува веќе повеќе од 50 години со масовната вакцинација е феномен кој допрва ќе се истражува и проценува. Какво е всушност неговото вистинско влијание  на здравствената состојба на населението и кои му се долгорочните последици по здравјето, денес никој и не знае. Вакви целосни струдии комплетно недостасуваат не само кај нас, туку и кај земјите каде свеста за негативните последици на вакцинацијата е далеку поразвиена како на пример во земјите на Европската унија или САД. Ова појава произлегува од фактот за негативната спрега помеѓу здравствените политики на земјите кои ги водат медицински авторитети, и комисии кои очигледно имаат најблаго речено нејасни финансиски инетреси во спрега со фармацевтската индустрија и капиталот кој е производител на огромни количини на вакцини кои се продаваат во светот и кои се извор на енормни профити. Никој од бројната популација на медицински професионалци, не наоѓа доволна храброст да ги истражува овие феномени, и да ги проучи од објективна гледна точка, а уште помалку, транспарентно да ги соопшти на јавноста. Во овој поглед, на ширењето на информациите за штетните долгорочни последици на вакцинацијата, можеби најголема заслуга има интернетот како медиум за безбедно ефтино и непречено ширење на разни информации, и очекувам во наредните децении да одигра клучна улога во подигнувањето на свеста за вакцинацијата, и за нејзините вистински ефекти на човековото здравје и да го иницира на најширока основа поставувањето на вистинските прашања на оние кои ја раководат насилната имунизација. Многу прелиминарни и нецелосни согледувања, истражувања и мислења на некои авторитети особено од хомеопатскиот еснаф укажуваат на потребата на согледувањето на значењето на вакцинацијата како етиолошки фактор за појавата на масовната епидемија на таканаречените дегенеративни заболувања на денешнината кои порано биле изнимно ретки па дури и непознати, а особено автоимуните заблувања, дијабетот, малигните болести, како и други кои во основа се поврзани со нецелосно и неисправно функционирање на имунитетот кај заболениот што представува непремостлива пречка за конвенционаланта медицина, и тежок предизвик за хомеопатската метода.

Напишете коментар