Што е хомеопатија

Хомеопатијата е холистички, алтернативен медицински пристап кон лекувањето на болестите. Зборот ХОМЕОПАТИЈА потекнува од старогрчките зборови HOMEOS што значи сличен и PATHOS страдање. Во слободен превод терминот хомеопатија значи „слично на болеста“. Името се темели на основниот принцип на хомеопатијата „SIMILIA SIMILIBUS CURENTUR” во превод (СЛИЧНОТО СО СЛИЧНО СЕ ЛЕКУВА). Овој основен принцип значи дека оние супстанци кои се способни да во материјални и токсични дози предизвикаат болест со одредени симптоми кај здрави индивидуи, во големи нематеријални разредувања (со претходна процедура на припрема) можат да лекуваат болест со слични такви симптоми (СЛИЧНОТО СО СЛИЧНО СЕ ЛЕКУВА).

samuel_hahnemann_klein

 

Основоположник и втемелител на хомеопатијата е германскиот лекар, хемичар и полиглот Samuel Hahnemann (1755-1843) кој на темел на законот на сличноста ја основал хомеопатијата како холистичка филозофија на лекување, и во своето дело Органон ги дефинирал основните принципи на лекување и хомеопатска пракса. Одтогаш наваму, хомеопатијата ја применуваат стотици илјади хомеопатски терапевти ширум светот. Оригиналниот метод на Ханеман во третманот на болестите се вика Класична хомеопатија. Овој метод подразбира давање на еден лек за еден пациент во едно време.
Лекот секогаш базира на севкупноста на сите симптоми што во тој момент постојат кај пациентот. Во текот на својот развој, се развила и хомеопатска дисциплина со која во исто време се даваат и по неколку лекови заедно во исто време кај еден пациент со цел подобро покривање на симптомите на болеста. Овој правец во хомеопатијата е познат под името Клиничка хомеопатија.

Основни поими, приници и закони на Хомеопатијата

Витална сила е поим што означува динамичка сила што едноставно речено ја прави разликата помеѓу живиот организам и мртвото материјално тело на истиот тој организам. Тоа е целокупната физичка, емотивна и ментална сила со која располага секој жив организам. Виталната сила ( синоним животна сила) е невидлива, тешко мерлива но јасна објективна категорија која ги врши сите функции на организмот. Виталната сила постојано одржува равнотежа на сите функции на духот и телото. Таа ги командува сите свесни и несвесни функции во здравје и во болест. Таа секогаш настојува да ја одржи внатрешната рамонотежа, да ја спречи или контролира болеста, а кога ја губи битката со неа секогаш постапува така што жртвува дел од организмот со цел да го заштити животот. Приоритет на животната сила е секогаш да го заштити животот.

homeopathic-bottles

Закон на сличноста е основниот принцип на Хомеопатијата и накратко занчи дека истата супстанца која може да предизвика симптоми кај здравиот подинец, претворена во хомеопатски лек може истите симптоми да ги лечи. На пр. Лекот Allium cepa е направен од обичен црвен кромид, кој како што знаеме кај здрави поединци предизвикува солзење на очи, течење на носот, кивавица и кашлица односно симптоми на настинка, па истиот тој лек хомеопатски припремен ефикасно и за кратко време ја лечи настинката.

Мијазми представуваат наследени и стекнати дефекти на виталната сила при што со тој збор се означува притаена и заспана морбидна сила во организмот која при погодни надворешни повреди на виталната сила предизвикани од инфекции, хемикалии, радијација, токсични нокси и загадувања, нечиста вода и нездрава храна, но и ментално емотивни трауми како што се непремостлива тага, прекумерна грижа, стална нервоза, страв, конфликти, воени состојби, незадоволство од непосредниот живот во семејството и работната околина кои се воглавно пратени со страв и неспокојство предизвикуваат активирање на постојниот мијазам кој се манифестира како клиничка хронична болест. На кој органски систем ке се појави хроничната болест зависи од нивото на кое виталната сила ке воспостави одбрана при што таа секогаш се труди да ја локализира болеста на што е можно помалку важен органски систем.

Организмот на човекот се состои од три поедини и взаемно зависни сегменти. Ментален дел, каде се сместени спознајните функции, перцепцијата, размислувањето, логиката високите општествени вредности како што се моралот и сл. Ова е најважниот дел за организмот и виталната сила го штити на приоритетен начин. Втор по важност е емотивниот дел каде се сместени емоциите, како што се љубов, омраза, бес,тага, радост и т.н. Најмалку важно за виталната сила е третиот сегмент, физичкото тело на организмот. И внатре во овие сегменти постои хиерерхија.Така во физичкото тело по важност за виталната сила се непарните органи и тоа мозок, срце, црн дроб, потоа парните органи бели дробови, бубрези, ендокрин систем а најмалку важни се мускулнокоскениот систем и на крај кожата. Затоа во почеток на хронично активираниот мијазам настануваат кожни промени кои денес поради претежно козметски причини агресивно се лекуваат односно потиснуваат со локална јака терапија ( кортикоидни масти, антибиотици, антимикотици и сл.) и кои всушност за кратко време го преместуваат гравитациониот центар на болеста во подлабоките органски системи на телото па така настанува хронична болест на некој од внатрешните органи.

Хомеопатијата е комплетно против потиснување на кожните манифестации на активираниот мијазам. Таа се залага за лекување на кожната болест единствено со внатрешна апликација на антимијазмичен лек кој кожата је лекува на тој начин што ја одстранува внатрешната прчина за поојавата на кожна манифестација. Во крајна линија секако дека и во случај на неизлечивост на активираниот мијазам, подбро е неговата локализација да биде онаму каде е најмалку опасна за животот.

Основни мијазми

  1. PSORA (во превод свраб, чешање) е најзастапен мијазам со раширеност од 95% од светската популација. Настанува со потиснување на кожни промени пратени со чешање.
  2. SYCOSIS е мијазам настанат со потиснување на гонореја.
  3. SYPHILIS настанува со потиснување на сифилистична инфекција.
  4. Постои исто така и ТУБЕРКУЛОЗЕН и КАРЦИНОМСКИ мијазам според некои автори.

Разредувањата на хомеопатските лекови кои рутински се користат во скојдневната пракса се викаат ПОТЕНЦИИ или моќност на препаратот, а постапката на припремање се вика ПОТЕНЦИРАЊЕ на препаратот. Тоа е процес на сукцесивно разредување на лекот во сооднос од 1:10 или 1:100 при што се употребува и кинетичка енергија во вид на сукусија на секоја фаза на потенцирањето. Наизглед парадоксално, но во клиничката пракса сигурно докажано, силата на препаратот се зголемува пропорционално на неговото разредување. Така ниските потенции од редот 6C (при што разредувањето на првично употребената супстанца е 1:1 000 000 000 000) имаат помала тераписка сила од средните потенции како на пр 30C каде разредувањето е
1:1000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.
000.000.000.000
односно неспоредливо поголемо.

За споредба разредувањето при потенција на лекот од 30C може да се спореди со разредување на една капка почетна супстанција ( на пример тинктура од камилица) во водата на сите океани на земјината топка. Ваквото разредување е огромно и го надминува т.н. Авогадров број ( 6,022 x 1023 ) во кој случај веројатноста дека во растворот има макар и еден молекул од првобитно употребената супстанца е еднакво на нула. Со други зборови разредувањата поголеми од Авогадровиот број практично се состојат само од растворувач. Сепак, праксата јасно покажува терапевтски ефект на ваквите разредувања. За механизмот на ова дејство се водени могу дискусии. Последните теории воглавно го објаснуваат делувањето на хомеопатските лекови на квантно ниво односно, со стварање на резонанца на микроелектромагнентното поле на атомите на разредувачот со микроелектромагнентното поле на виталната сила на организмот. На тој начин се постигнува врамнотежување на нарушената витална сила која тогаш сопствените механизми дотогаш нарушени од болеста ја корегира состојбата и организмот го вовоедува во состојба на здравје.

Денешната наука на основа досегашните сознанија нема рационално објаснување за механизмот на ефектот на хомеопатскиот лек, ниту доволно осетливи инструменти за да го измери електромагнетниот квалитет на хомеопатскиот лек ниту оној на ниво на виталната сила на организмот. Оттука и големиот научен скептицизам во вредноста на оваа наука. За начинот на делување на хомеопатските лекови, во своето дело Хронични заболувања таткото на Хомеопатијата Самуел Ханеман ќе рече: „Не ме прашувајте како делуваат лековите. Јас тоа не го знам. Но илјада пати повеќе верувам во своето искуство, отколку во својата интелигенција.“ Сепак секој оној што еднаш на себеси го почувствувал делувањето на хомеопатскиот лек останува засекогаш верен на оваа исцелителска вештина и уметност. Во хомеопатијата нема ниту трунка мистичност. Таа базира на длабоко јасни, строго дефинирани, и проверени постулати, има јасна методологија на одредување на терпискиот агенс, како и јасна и прецизна фармакопеа за производство на лековите.

Хомеопатските лекови се произведуваат од природни, најчесто првобитно токсични суровини од минерално, животинско и растително потекло. Во текот на припремата со постапка големото разблажување и потенцирање, кај хомеопатскиот лек се губат отровните својства а остануваат тераписките информации кои се носители на неговото дејство. Хомеопатските лекови се комплетно безбедни бидејќи не се токсични, не предизвикуваат алергии, и во случај на погрешно препишување не предизвикуваат практично никаков ефект. Единствената несакана појава при земање на коректно избран хомеопатски лек што особено важи за т.н. конституциски лекови представува појавата на хомеопатско влошување што обично се манифестира со реакција на чистење на организмот.

Во секојдневната пракса обично се гледаат благи форми на повторна појава на симптоми кои некогаш во минатото постоеле кај тој пациент. На пр. Ако некогаш постоела болка во рамото, поради некоја причина, тој симптом, најчесто благ може да се појави во текна фазата на хомеопатко влошување. Вакви симптоми можат да се јават како во физичкото тело на пациентот но исто така и во ментално – емотивна свера и да се манифестираат како потреба за подолг сон, нервоза, изливи на емотивно празнење, тага, плач или слично. Хомеопатот секогаш го предупредува пациентот на можноста за појава на вакви симптоми, како и начините на ублажување или отстранување на истите. Во секој момент и во состојба кога тие се особено јаки, хомеопатот може да го запре дејството на препишаниот лек содавање на негов антагонист (антидот) којго запира делувањето на лекот што иницирал сериозно хомеопатско влошување, или да препише нов лек врз основа на новонастанатата клиничка слика. Овие ефекти можат исто така безбедно да се пребродат со краткотрајна апликација на класични симптоматски лекови ( на пр. при болка аналгетик, при емотивен испад седатив или нешто друго во склад со клиничката слика. Хомеопатското влошување во најголем број на случаи е краткотрајно и благо и не бара примена на посебна терапија.Тоа е нормална реакција на чистење на потиснатите болести на пациентот во минатото. Секако дека одлуката за употреба на лекови за лекување на конституцијата треба да ја носи искусен лекар хомеопат со доволно знаење меѓу другото и заради евентуално успешно справување со оваа ретка несакана реакција.

Хомеопатијата денес во светот е ценета секојдневно практикувана метода на лекување на милиони пациенти ширум светот. Така на пример во земјите на Европската унија таа е комплетно прифатена и законски регулирана во Германија, Франција, Италија и Велика Британија. Во некои од овие земји (Германија) таа е на еднаква законска позиција со класичната медицина, а во повекето од овие земји фондовите за здравствено осигурување покриваат дел од трошоците за хомеопатските третмани. Во Русија, хомеопатската традиција досега 150 години наназад, а во некои милионски држави како Индија хомеопатијата е еднаква со неколкуте официјални медицини кои се практикуваат таму. Во индија постојат повеке од 100.000 хомеопати и повеке од 100 високообразовни институции за обука на хомеопатски кадри.На крај многу познати имиња на денешницата се верни корисници на хомеопатското лекување како што се англиското кралско семсјство, поранешни председатели на Соединетите држави ( семејството на преседателот Клинтон ) како и плеада на врвни светски актери и уметници користат хомеопатски третман за своите здравствени проблеми. Факт е дека Хомеопатијата делува, и тоа на прекрасен начин. Без никакво претерување, ефектот на правилно избраниот лек кај обичните секојдневни преоблеми како што се настинки, главоболки, стомачни нарушувања, несоници и други психосоматски потешкотии може да се спореди со волшебно стапче. Од друга страна хомеопатијата нуди безбеден, ефикасен и ефтин начин налекување без несакани ефекти. При соодветно застапено користење, хомеопатијата може драстично да ги смали трошоците за конвенционалната скапа терапија и болнички третмани. Но сепак најголемото задоволство и корист од хомеопатскиот третман го има болниот човек, чиишто страдања се бескрајни. На крај нема да заборавам да го спомнам одушевувањето на лекарот хомеопат од благодарноста на успешно излекуваниот пациент кој претходно тропал на десетици врати во потрага по здравје. На крајот на краиштата, сепак основната суштина на лекарската професија се состои во чувството на лична среќа кога на болниот се подари здравје.

Напишете коментар