Членство во здружението

Согласно член 13 од статутот на Здружението, за членство е потребно да сте полнолетен и да доставите пристапница за членство во писмена форма. Истото можете да го сторите во канцеларијата на Здружението. Доколку сакате да се зачлените преку интернет, потребно е да ги направите следните чекори:

  • Пополнета пристапница да испратите на меил-адреса: mirepetkovski_АТ_yahoo_com
  • Пополнетата пристапница испечатете ја и во хартиена форма и испратете ја по пошта на адреса на Здружението: ул.”Ленинова” 19/15 1400 Велес.
  • Добивањето на повратен меил, ќе значи дека Вашето членство во Здружението е активирано и дека сте внесени во книгата на членови.
  • Доколку имате хомеопатска едукација или звање и сакате да влезете во Регистарот на Хомеопати, потребно е заедно со пристапницата да ги испратите и следните документи:
    1. Фотокопија од лична карта;
    2. Фотокопии од сите завршени хомеопатски едукации (дипломи,сертификати и сл.), или документи врз основа на кои е стекнато звањето. (Сите фотокопии е потребно да бидат заверени на нотар.
    3.  Анфас фотографија во електронска форма (што ќе ја испратите заедно со Пристапницата на погоре наведената меил-адреса), заради изработка на Вашата легитимација;
    4. Потврда за извршена уплата на годишна членарина на Хомеопатско здружение ХАМА: жиро-сметка 210064917820143 НЛБ Тутунска Банка Скопје, цел на дознака “Годишна членарина за упис во Хомеопатски Регистар за 2009 година”;
    5. За извршениот внес во Регистарот на Хомеопати, ќе добиете писмена потврда и легитимација од Здружението на адреса која ќе ја наведете во Пристапницата;

До промена на одлуката, членството во Здружението за граѓани е бесплатно, додека за кандидатите за внес во регистарот на хомеопати годишната членарина изнесува илјада денари и се плаќа при поднесување на Пристапницата.

Превземи пристапница за членство во ХАМА.